„Кога играш против Манчестер Јунајтед секогаш сакаш да си најдобар“

Вест Хем е на пат да го зачува премиерлигашкото место и за сезоната која следи откако во 35. коло забележа големи три бода совладувајќи го Манчестер Јунајтед со 1-0 на домашен терен. Со новите три бода „чекичарите“ се најдоа седум бода пред зоната за релегација на три натпревари до крајот на сезоната.

Еден од најдобрите играчи на Вест Хем, Деклан Рајс кој веќе подолго време се поврзува со трансфер во редовите на „црвните ѓаволи“ по натпреварот говореше за мотивацијата и желбата да бидеш најдобар против, како што вели најдобриот тим на светот.

„Кога играш против Манчестер Јунајтед сакаше да си најдобар бидејќи играш против најдобриот тим на светот. Сите ги гледаат натпреварите на Манчестер Јунајтед и нормално е дека сакаш да се истакнеш. Затоа и јас се трудам секој пат. Кога играм на големи натпревари имам чувство во стомакот која ме тера да бидам најдобар“, вели Рајс.

Се вчитува...