„Кога ќе погледнете што направи Алиоски за Лидс сезонава ќе видите дека тоа е фантастично…, убеден сум дека Џани сака да остане“

Договорот на македонскиот интернационалец Езгијан Алиоски и Лидс истакува на крајот на оваа сезона, а сеуште е неизвесно каде репрезетнативниот бек ќе ја продолжи кариера. Се споменува продолжување на договорот со англискиот прволигаш, но опиција е и Галатасарај кој е заинтересиран за услугите на Македонецот.

Според соиграчот на Алиоски, Алекс Меклиш, 29-годишиникот нема да замине од Лидс, а со оглед на одличните партии кои ги пружи Македонецот неизбежно е да добие побогат договор.

„Кога ќе погледнете се она што Алиоски направи за Лидс во текот на сезоната ќе видите дека тоа е фантастично. Се разбира дека станува збор за договор кој е со повеќе пари за Алиоски. Не верувам дека има клубови кои би можеле да му понудат повеќе пари од Лидс. Не можам да замислам дека тој нема да продолжи да игра за Лидс, јас сум убеден дека Џани сака да остане на „Иланд Роуд“. Очекувам дека во последен момент Лидс ќе му понуди подобар договор и ќе успее да го задржи“, изјави соиграчот на Алиоски.

Се вчитува...