Кога ќе „рикнат мачињата“ од Автокоманда се слуша до Лисабон (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Металург ја преброди резултатската криза од стартот на сезоната и конечно, во третиот натпревар стигна до првите бодови во групната фаза од Лигата на шампионите. Екипата на Спортинг во Скопје ја имаше улогата на фаворит, но на крај „металурзи“ и се радуваа на победата.

За разлика од претходните два натпревари, овој пат ракометарите на Металург одиграа многу поангажирано и поборбено. Или, како што ќе рече тренерот Александар Јовиќ, во најавата пред натпреварот „мачињата мора да станат лавови“. Голем дел од заслугата за денешната победа и за играта на Металург оди токму кај помошниот тренер на клупата на Металург, кој во отсуство на Лино Червар изминатава недела добро ги подготвил „металурзи“ да одиграат „лавовски“ против Спортинг и случајно или не, да ја запишат првата победа во Лигата на шампионите.

[new_royalslider id=”791″]

Се вчитува...