Кога на „ѓаволите“ ќе им загусти, тука е Ибрахимовиќ

Манчестер јунајтед обезбеди место во четвртфиналето откако „црвените ѓаволи“ славеа на гостувањето против Блекбурн со 1-2. Победата на фаворитот беше многу потешка од очекувањата откако Жозе Мурињо самиот ја искомпликува работата решавајќи се за значајно изменет состав во однос на оние со кои јунајтед ги игра премиерлигашките натпревари.

Блекбурн го искористи ова и поведе преку Дени Грем, а „ѓаволите“ стигнаа до израмнување со голот на Рашфорд, по одличната асистенција на Мхитаријан. Откако стана очигледно дека Блекбурн не е наивен противник, Мурињо во 60. минута ги внесе во игра Погба и Ибрахимовиќ, кои беа творци на победничкиот гол во 74. минута. Францускиот ас испрати долго додавање од сопствената половина, а Ибрахимовиќ уште еднаш потврди дека е голгетер од највисока класа, откако мајсторски ја смести топката во долниот агол од голот на домаќините.

Блекбурн имаше две одлични шанси за израмнување во самиот финиш, но Ромеро беше одличен на голот, не дозволувајќи да се игра и повторен натпревар меѓу овие два тима.

Danny Graham Goal – Blackburn 1… by LiveFootball28

Marcus Rashford Goal HD – Blackburn Rovers 1-1… by gashiylli223

Zlatan Ibrahimovic Goal HD – Blackburn Rovers 1… by gashiylli223

Се вчитува...