Кога Пандев ќе погоди – паѓаат големи малери: Џенова по 60 години ја победи Верона на гости

Џенова направи голем чекор напред во битката за опстанок во Серија А, победувајќи ја Верона на гости со 0-1, со голот на македонскиот интернационалец Горан Пандев. Овој гол е прв за „Ил Гранде Мачедоне“ оваа сезона во италијанскиот шампионат, но урна еден неверојатно голем малер.

pandev so verona 2

Имено, со погодокот на Пандев, Џенова успеа да ја победи Верона на гости по цели 60 години. Последен пат тоа на тимот му успеало во сезоната 1957/58, кога Џенова славеше со 1-3.

Се вчитува...