Кога Погба не може да го обвини Мурињо (ВИДЕО)

Пол Погба како и речиси целиот свет во вторникот навечер со соочи со генијалноста на Лео Меси. Аргентинецот го предводеше шоуто на каталонскиот клуб кој преку четвртфиналниот двомеч со Манчестер Јунајтед обезбеди полуфинале во Лигата на шампионите.

Навивачите на Јунајтед не губеа време и веднаш го „уловија“ изразот на лицето на Погба при првиот погодок на Меси, а беа и исклучително креативни на социјалните мрежи коментирајќи ја беспомошноста на францускиот репрезентативец.

„Кога не можеш да го обвиниш Мурињо“ – вели еден од подосетливите коментари на Твитер.

 

 

Се вчитува...