Кои се милијардерите кои ќе го купат Челси од Абрамович?

Американско-швајцарскиот конзорциум предводен од Тод Боли и Хансјорг Вис е сериозен и подготвен да стане нов сопственик на Челзи, откако Роман Абрамович објави дека го напушта кормилото на клубот. Ова ќе биде епохална промена, а предавањето на сопственоста на клубот би требало да се реализира наскоро, како што објавија неколку британски и швајцарски весници.

Кои се двајцата милијардери на чело на конзорциумот?

Експертот за инвестиции – Четириесет и шестгодишниот, Тод Боли е актуелен извршен директор на „Елдриџ индустрис“, приватна фирма за инвестиции од Конектикат, а има свои претставништва и во Њујорк, Бостон и Лондон. Исто така тој е извршен директор на Здружението на странски новинари во Холивуд, а поседува и 20 отсто од акциите на бејзбол тимот на Лос Анџелес Доџерс. Неговото богатство се проценува на 4,72 милијарди фунти.

Дипломирал на смерот финансии на Лондонската школа за економија. По неговите први работни искуства, во 2001 година се приклучува на Гугенхајм Партнерс и за кратко време стана нејзин претседател. Во 2015 година ја основа „Елдриџ индустрис“, правејќи серија инвестиции во секторите на осигурување, управување со средства, технологија, спорт, комуникации и недвижнини. Боли веќе се обиде да го купи Челзи во 2019 година, но цената од три милијарди го натера да се откаже. Тој е филантроп: има создадено многу добротворни фондации, активни особено на полето на истражување на ракот и помош на децата.

Добротворот – Роден во 1935 година во Берн, Хансјорг Вис е еден од највлијателните луѓе во светот, особено во политиката, иако не сака да се покажува во јавноста. Роден во семејство на продавачи на механички калкулатори, тој е магистер по инженерство од Цирих и МБА од бизнис школата на Харвард. Откако имаше различни улоги во текстилната индустрија, Вис стана богат благодарение на еден од ко-основачите на „Синтес“ (компанија која произведува медицинска опрема, посебно за ортопедија и неврохирургија). Тој ја продаде на Џонсон и Џонсон во 2012 година за 19,7 милијарди долари. Тој се смета за еден од најголемите добродетели во светот: во 1998 година ја основал фондацијата „Вис“, преку која инвестирал стотици милиони во проекти поврзани со заштита на животната средина. По продажбата на „Синтес“, Вис се придружи на „Гивинг плејџ“, движењето родено од главите на Ворен Бафет и Бил Гејтс, кое ги охрабрува милијардерите да донираат барем половина од своето богатство. Денеска, неговото нето богатство е „само“ 5,1 милијарди долари.

Се вчитува...