Кој друг, ако не Несторовски: Палермо води, два гола на Македонецот

Илија Несторовски не запира со тресење на противничките мрежи, па Македонецот постигна и втор гол на вечерашниот дуел со При Верчели.

По првиот гол за израмнување кон средината на првото полувреме, Нестор-гол блесна и на стартот од вториот дел, кога повторно со прецизен удар со левата нога го матираше голманот на гостинскиот тим.

Палермо сака веднаш да се врати назад во елитата, а за такво нешто неопходно ќе биде Македонецот да продолжи во истиот голгетерски ритам.

Се вчитува...