Кокеза и Пантелиќ го победија коронавирусот

Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Србија, Славиша Кокеза и функционерот од овој сојуз, Марко Пантелиќ ја добија битката со коронавирусот.

„Кокеза се чувствува одлично, комплетно се опорави од болеста и наскоро би требало да биде пуштен од болница. Пантелиќ, пак, немаше никакви симптоми а беше во домашна изолација поради позитивниот тест. Но сега и тој се избори со болеста“ – изјави докторот на репрезентацијата на Србија, Миљко Ристиќ, и дополни:

„Бидејќи мина периодот од 14 дена, а никој друг од сојузот не појави симптоми може да кажеме дека ситуацијата во Сојузот е под контрола“.

Инаку, претходно беше потврдено дека и двајцата се заразиле на Конгресот на УЕФА во Амстердам.

Се вчитува...