Кокеза „навлекол“ коронавирус на Конгресот на УЕФА во Амстердам? Таму беа и македонски претставници…

Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Србија, Славиша Кокеза, вчера беше хоспитализиран на Интективното одделение на Клиничкиот центар во Белград каде е потврдено дека е заболен од коронавирусот. Српските медиуми наведуваат дека тој го „навлекол“ вирусот кој го престраши светот во Амстердам, на состанокот на Извршниот комитет на УЕФА. Во Холандија беше одржан 44. Конгрес на УЕФА, а беа извлечени и групите за следното издание на Лигата на нации. Во Амстердам со него биле и спортскиот директор Владимир Матијашевиќ, потпретседателот на сојузот Марко Пантелиќ и генералниот секретар Јован Шурбатовиќ.

Но, во Амстердам имаше и македонска делегација од ФФМ, како и селекторот на фудбалскиот национален тим, Игор Ангеловски. Беа и претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини, потпретседателот Лазар Ракиџиев и портпаролот Златко Андоновски. Засега тие не се жалат на никакви симптоми на коронавирусот.

Сепак, Кокеза бил и во Милано на саем за мода, можно е и таму да го „навлекол“ вирусот…

 

Се вчитува...