Кокошков се пошегува на своја сметка и ја освои Америка

Игор Кокошков ја одржа првата официјална прес-конференција каков нов тренер на Феникс санс и со својот настап ги освои симпатиите на американската јавност.

Србинот е прв тренер што не е роден во САД, на кој му е доверено да води франшиза во НБА лигата.

Јас себе си не се гледам како европски, туку како НБА тренер. Отсекогаш се трудам своите слабости да ги претворам во предност. Сето ова е неверојатно. Знаете, во САД ме нарекуваат странски тренер, а во Европа сум слушнал коментари како – „за него се зборува во НБА, зеде и американско државјанство, сега е еден од нив“…Така што, никој не ме сака. Не е работата во тоа дали сте странец или не. Ова е мој дом. Феникс е моја куќа и овде се чувствувам многу удобно“ – се пошегува Кокошков.

Игор Кокошков (46), роден во Банатски Брестовац, минатата  година со репрезентацијата на Словенија го освои златниот медал на Европското првенство. После повеќе до две децении работа во Европа, тој се докажа и во НБА, стана асистент во тимот на Аризона, а истата функција потоа ја извршуваше и во Кливленд, Орландо и во Јута џез.

„Шега на страна, всушност, воопшто не е важно дали си странец или Американец…Единствено  е важно добро да се извршува работата и да се победува. Веројатно сега ќе ми биде потешко поради сите околности, како и поради фактот што сум пионер и прв неамерикански асистент во НБА лигата, во колеџ кошарката и сега прв главен тренер во НБА. Сето тоа носи и одредена одговорност. Бидејќи, ако не успеам ќе речат – „Гледате дека не може да биде добар тренер, да се држиме ние до нашите луѓе“ – вели новиот тренер на Феникс санс.

Се вчитува...