Колина конечно откри за кого навива

Легендарниот италијански судија кој сега е претседател на судискиот одбор во ФИФА, Пјерлуиџи Колина, откри за кој тим навивал во минатото.

Италијанецот во поткастот „Паса дел БСМТ“, откри дека пред да стане фудбалски судија навивал за Лацио и Болоња.

„Отсекогаш сум верувал во транспарентност и страст. Луѓето повекогаш ме прашуваат дали сум навивал за некој клуб. Кога имав 10,11,12,13,14 или 15 годнини, навивав за некои екипи и тоа е нормално. Напротив, би било изненадување или пак лажење ако кажев поинаку. На тие години јас тренирав фудбал и играв на позицијата либеро и тоgaш имаше еден играч кој носеше жолти „Реј Бан“ очила за сонце и навистина беше кул. Тој се викаше Џанлука Паљука и беше капитен на Лацио. Кога ќе одев на плажа, убаво беше да кажеш дека си навивач на Лацио. Меѓутоа, на првите девет натпревари кои му ги судев, Лацио не победи. Дури еден функционер ми рече – сите во судискиот одбор знаат дека навиваш за Лацио, но како е можно тие да не победат ниту еднаш на деветте натпревари кои им ги судеше“, откри Колина.

Вториот тим за кој навивал како момче е тимот од неговиот роден град, Болоња.

„Роден сум во Болоња и имам „слабост„ кон овој тим. Во Болоња живеев до 1991 година. Според правилата, судиите не смеат да судат на екипи од нивниот град, па поради тоа не можев многу да и судам на Болоња. Еден од натпреварите на кој и судев на Болоња беше баражот за опстанок во Серија Б против Парма која победи со 2:0 и Болоња испадна во понизок ранг“, вели Колина.

Се вчитува...