Колку трошат Катарците за подготовките на фудбалскиот мундијал?

Катар на големо се подготвува за Светското фудбалско првенство во 2022 година на кое ќе биде домаќин. Според најавит, овој фудбалски мундијал треба да биде спактакуларен во секој поглед. Од супермодерните стадиони до луксузните хотели и комплекси што се градат во пустината. Колку чини сиот тој луксуз?

Катарските власти обелоденија дека трошат 500 милиони долари неделно за да ги завршат навреме сите планирани објекти до почетокот на фудбалскиот мундијал во 2022 година.

katara fudbal

„Трошиме речиси 500 милиони долари неделно и така ќе биде се додека не ги завршиме работите. Вкупните пресметки изнесуваат околу 200 милијарди долари. Не сакаме да се доведеме во ситуација се уште да ги уредуваме стадионите, а првенството да биде почната и луѓето да се веќе стигнати во нашата земја“ – изјави катарскиот министер за финансии Али Шариф Ал-Емади.

Катарскиот министер информира дека не се градат само стадиони, туку и патишта, железници, хотели, нов аеродром, болници…

„Парите се осигурани иако падна цената на нафтата“ – гарантира Ал Емади.

Al-Khor-Stadium

На прашањето дали ова ќе биде најскапото Светско првенство во историјата, министерот вели:

„Во вкупната инфраструктура вложуваме 200 милијарди долари, но ако ги сметаме само објектите за СП, тогаш ова СП нема да биде најскапо“.

За Светското фудбалско првенство во 2022 година, Катар гради десет стадиони од кои седум ќе бидат комплетно нови, а три ќе бидат обновени и со зголемен капацитет.

Al-Shamal-Stadium

Катар е трета земја во светот по резервите на гас, а оваа заливска земја има и резерва од 25 милијарди барели нафта. Гасот и нафтата ги сочинуваат 85 % од приходите на земјата од увоз. Поради падот на цените на енергијата, Катар прв пат во последните 15 години, во 2016 година забележа буџетски дефицит од 12 милијарди долари. За 2017 година одобрен е буџет со дефицит од 7,7 милијарди долари.

Се вчитува...