Колман се правда по суспензијата: „Не се ни обидоа да ме повикаат…“

Актуелниот светски шампион на 100 метри, Кристијан Колман доби суспензија поради избегнување на допинг контрола. 24-годишниот спринтер во минатите 12 месеци пропуштил три допинг тестирања, поради што доби привремена суспензија од Телото за интегритет во атлетиката. По веста за суспензијата Колман се јави на социјалните мрежи со свој став околу целата ситуација.

„Немој да ми кажувате дека сум ги пропуштил тестовите ако ми дојдете пред капија без мое знаење. Ми тропате на врата додека бев на божиќен шопинг кој се наоѓа во трговски центар на пет минути оддалечен од мојата куќа и не се обидувате ниту да ме повикате телефонски и да се обидете да стапите во контакт со мене. Бев и повеќе од достапен и подготвен за тест. Вие требаше само да ме повикате ништо повеќе. За обидот да бидам тестиран дознав дури следниот ден, кога од ведро небо добив пријава за пропуштање на истиот“, напиша Колман. 

Колман официјално пропуштил три допинг тестирања. Покрај ова во декември минатата година, тој не прифатил тестирање ниту во јануари, ниту во април годинава.

Се вчитува...