Колумбиец на местото на Обамејанг во Дортмунд

Трансферот на Пјер Емерик Обамејанг во Арсенал е во финална фаза, а раководството на Борусија Дортмунд веќе ја најде неговата замена која ќе го предводи нападот на „милионерите“. Колумбиецот Дуван Запата е примарна цел за екипата од „Сигнал Идуна Парк“, напаѓачот на Наполи кој сезонава игра во редовите на Сампдорија како позајмен фудбалер.

Запата сезонава е најдобар стрелец за екипата од Џенова со шест погодоци на 16 настапи во Серија А, а Сампдорија за него треба да исплати 17 милиони евра по крајот на сезоната како опција која беше поставена во договорот меѓу тимовите за исполнување на позајмицата. Но, „наполитанците“ сега се во дилема дали воопшто да ја прифатат договорената сума, бидејќи Дортмунд е подготвен да издвои две третини (40 милиони евра) од заработката од продажбата на Обамејанг.

Последниот колумбиски голгетер кој го носеше жолтиот дрес беше Адријан Рамос, кој беше доведен како големо засилување од Херта, но тој воопшто не се снајде во редовите на бундеслигашот.

Се вчитува...