Колумбиецот и понатаму ќе биде соиграч на Столе Димитриевски: Фалкао и Рајо Ваљекано ја продолжуваат соработката

Радамел Фалкао, колумбискиот напаѓач од тимот на Рајо Ваљекано и понатаму ќе биде соиграч на нашиот репрезентативец Столе Димитриевски. Фудбалерот кој дојде ова лето во тимот на Мадрид, почна преговори за продолжување на договорот со клубот.

Според медиумите од Мадрид, во наредните денови колумбискиот напаѓач ќе склучи нов договор со важност до 2023 година.

За потсетување, актуелниот договор на фудбалерот завршува на крајот на сезоната. Колумбиецот се пресели во Рајо Ваљекано на почетокот од сезоната како слободен фудбалер, а досега успеа да постигне пет гола.

Се вчитува...