„Командантот“ Мрме на работ на солзи (видео)

Игор Ангеловски е креаторот на овој историски успех, човекот кој успеа да го врати Пандев во националниот тим, а потоа и да го вклопи неговото исксутво со младоста и потенцијалот на У21 селекцијата што обезбеди пласман на ЕП во Полска.

Денешниот успех дефинитивно ќе беше невозможен доколку на клупата го немавме Ангеловски, стратегот чие име засекогаш ќе остане запишано во историјата на мак-фудбалот.

„Командантот“ маестрално го водеше и овој натпревар, знаеше дека ќе се создаде шанса за да се матира грузискиот голман, а потоа кога сите еуфорично славеа, тој мудро ги влечеше сите потези, привршувајќи го мечот до крај без да им дозволи на домаќините да ја наметнат играта и да е преселат пред нашиот шеснаесетник.

Се вчитува...