Комедија: Американците повторно ги помешаа Србите (ФОТО)

Американците продолжуваат со комичните ситуации на НБА драфтот. Откако во официјалното влечење на играчи во 2014 година ги помешаа Богдан и Бојан Богдановиќ, медиумот „Слем магазин“ овој пат го помеша Марко Симоновиќ од Мега со 34-годишниот Марко Симоновиќ од Црвена Звезда.

Оваа ситуација добро ја примија играчите на Црвена Звезда, кои не ја пропуштија приликата да му „честитаат“ на својот соиграч во „црвено-бело“. Меѓу првите беше капитенот на тимот, Бранко Лазиќ кој на социјалната мрежа Инстграм додаде дека „никогаш не е доцна“.

Се вчитува...