„Комити“ и „Лозари“ се мобилизираат пред утрешниот меч – секој на свој начин! (ФОТО)

Вардар утре од 16 часот на националната арена „Тодор Проески“ го пречекува Тиквеш во уште еден повеќе од значаен натпревар во битката за шампионската титула.

Па, навивачките групи на двата тим, очигледно, се мобилизираат на специфичен начин.

„Комити“ информираа дека го прекинуваат „молкот“ и повторно се враќаат со поддршка за својот црвено-црн тим.

„ШАЛ НА ВРАТ И СИТЕ НА ГРАДСКИ! Недела е финалниот дел од офанзивата, ден кога тронот мора да биде завземен и држен до самиот крај, до титулата која ја чекаме со години! Групата и тимот се подготвени, утре сите со шал, сите во ,,вез код”и како никогаш досега. МОБИЛИЗАЦИЈА ЗА ПОЛН ЗАПАДЕН КОП!“ – порачаа „Комити“ со фотографија од заедничката денешна средба со фудбалерите на тимот.

„Лозарите“, пак, очигледно се мотивираат на сосема поинаков начин во очекување на утрешниот дуел. Навивачката мобилизација е преку пароли, транспаренти денеска истакнати во Кавадарци кои алудираат на средбата со вардарци.

Се вчитува...