Компани го донесе Сити на еден чекор до титула

Манчестер Сити го совлада Лестер со 1-0 на домашен терен и повторно се искачи на врвот на табелата во Премиер лигата. За тимот на Пеп Гвардиола останува уште еден чекор до одбрана на титулата, гостувањето кај Брајтон во последното коло. Ливерпул сега повторно заостанува еден бод во однос на Манчестер Сити.

„Граѓаните“ долго се мачеа да го отворат резултатот, а тоа му успеа на капитенот Винсен Компани во 70.минута од натпреварот. Во финишот, Лестер имаше можност за израмнување, но Ихеаначо не успеа да реализира од одлична позиција.

Во последното коло, Манчестер Сити му гостува на Брајтон, а Ливерпул на домашен терен го пречекува Вулверхемптон.

Се вчитува...