Компани: Нејмар нека се тркала, а ние знаеме што треба да направиме

Пресметката со Бразил, во четвртфиналето од Светското фудбалско првнество е натпревар кој ќе ја дефинира оваа талентирана генерација, вели Винсен Компани во пресрет на мечот кој би можел неговата селекција да ја одведе меѓу четирите најдобри.

„Изразот „златна генерација“ не го смисливме ние играчите и не му даваме големо значење.  Фактот дека дуелот против Бразил ќе ја дефинира оваа генерација стои. Ние впрочем и никогаш не сме оделе надолу, но со успех во ваков натпревар, одите ниво погоре и тоа се постигнува само со победи против селекции како што е Бразил. Но ова и за нив е дефинирачки натпревар. Двете селекции заслужуваат повеќе од четвртфинале на Светско првенство“ – смета Компани.

И тој не можеше да ги избегне прашањата за театралните рекации на Нејмар при контакти со противничките играчи.

„Нас не не интересира што ќе прави некој играч во нивниот тим, ние треба да бидеме паметни за нас. Колективно да одиграме, како група која знае што прави“ – рече Компани кој на получасовната прес конфереција одговараше на четири различни јазици.

Компани е во белгиската репрезентација од 2004 година, има 79 настапи. Во еден период беше и капитен на националниот тим.

Се вчитува...