КОМПЛЕТЕН РАСПОРЕД на натпреварите од Групата Ц во Скопје на ЕП 2023: Првите два меча се клучни за Македонија!

Македонија од денеска, заедно со Италија, Бугарија и Израел е центарот на одбојкарските случувања на Стариот континент како еден од ко-домаќините на Европското првенство 2023.

Скопје и спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе биде местото кон кое во следните седум дена ќе бидат насочени и македонските спортски погледи во желбата првпат во својата историја, во третото учество на ЕП, Македонија да дојде и до своето прво осминафинале.

Македонските „спартанци“ вечерва од 20 часот почнуваат со Данска, еден од клучните натпревари заедно со дуелот против Црна Гора веќе во 2. коло, преку кои ќе се бара пласманот во осминафиналето.

А, во осминафиналето од Групата Ц место ќе обезбедат првите четири селекции кои потоа во Италија ќе вкрстат до најдобрите четири од Групата А каде се домаќинот Италија, Белгија, Србија, Естонија, Германија и Швајцарија.

КОМПЛЕТЕН РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ ОД ГРУПАТА Ц НА ЕП 2023
ГРУПА Ц (СЦ „Борис Трајковски“ – Скопје)

30. август: МАКЕДОНИЈА – Данска (20 ч.)
============================================
31. август: Црна Гора – Холандија (17 ч.)
31. август: Полска – Чешка (20 ч.)
============================================
01. септември: Данска – Чешка (17 ч.)
01. септември: Холандија – Полска (20 ч.)
============================================
02. септември: Холандија – Чешка (17 ч.)
02. септември: МАКЕДОНИЈА – Црна Гора (20 ч.)
============================================
03. септември: Данска – Црна Гора (17 ч.)
03. септември: МАКЕДОНИЈА – Полска (20 ч.)
============================================
04. септември: Данска – Холандија (17 ч.)
04. септември: Чешка – Црна Гора (20 ч.)
============================================
05. септември: МАКЕДОНИЈА – Холандија (17 ч.)
05. септември: Полска – Данска (20 ч.)
============================================
06. септември: Црна Гора – Полска (17 ч.)
06. септември: МАКЕДОНИЈА – Чешка (20 ч.)
============================================
* ОСМИНАФИНАЛЕТО СЕ ИГРА ВО ИТАЛИЈА (Најдобрите 4 од Групата Ц вкрстуваат со најдобрите 4 од Групата А каде се домаќинот Италија, Белгија, Србија, Естонија, Германија и Швајцарија)

Се вчитува...