Комплименти за Димитријевиќ: Нено може да биде нов „хит“ во европската кошарка

Ненад Димитријевиќ покажува добри игри на стартот од авантурата во Валенсија, а неговиот агент Мишко Ражњатовиќ е оптимист дека пред македонскиот репрезентативец е фантастична кариера.

Во европската кошаркарска јавност на Димитријевиќ се гледа како на идна „ѕвезда“ на овој спорт на „стариот континент“, играч што би тргнал по стапките на Василије Мициќ, кој е актуелен МВП на Евролигата.

„Верувам дека Ненад Димитријевиќ може да биде следниот голем хит во Евролигата на плејмејкерската позиција. По него, тоа може да биде Ловро Гњидиќ од Цибона. Доколку не замине во НБА“, истакна суперагентот Ражнатовиќ.

Се вчитува...