Коњаспор го промовираше Кристијан Николов

Кошаркарскиот тим Коњаспор го промовираше Кристијан Николов за нов играч. Николов доаѓа од редовите на МЗТ Скопје, а со турскиот клуб потпиша на една сезона.

Николов во кариерата играше за МЗТ Скопје, Сокар Петким, а има искуство со играње во Турција во екипите на Беледијеспор, Трабзонспор и Галатасарај.

Се вчитува...