Конечно и Јунајтед победи: Три гола за славје во Лестер

По три едноподруго ремија, конечно и Жозе Мурињо и Манчестер јунајтед може да се радуваат на победа во Премиер лигата, и тоа против минатогодишниот шампион, екипата на Лестер.

На гостувањето во Лестер во 24. коло од шампионатот, „црвените ѓаволи“ славеа со убедливи 0-3.

Победата беше најавена во 42. минута со погодокот на Мкхитарјан, додека во 44. минута Златан Ибрахимовиќ го постигна својот 20-ти гол сезонава за Јунајтед.

Во второто полувреме конечните 0-3 ги постави Мата со погодокот во 49. минута.

All GOALS & Highlights – Leicester City 0-3… by EarthSavii

По овој триумф, Манчестер јунајтед со 45 бода остана на шестата позиција, сега со само еден бод заостанување зад петтопласираниот Ливерпул.

Се вчитува...