Конечно на голот: Столе Димитриевски дебитираше во Ла Лига за Рајо Ваљекано

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски конечно дебитираше во дресот на Рајо Ваљекано и во Ла Лига.

Димитриевски од првата минута застана на голот на Рајо во 12. коло од најсилниот шпански шампионат на дуелот пред своите навивачи против Вилјареал кој заврши без победник, 2-2. Ова е втор натпревар за Димитриевски сезонава за Рајо Ваљекано, но првиот беше во рамките на Купот на Шпанија против Леганес.


Македонскиот голман, иако прими два погодоци, имаше солиден настап за шпанскиот прволигаш кој и натаму девет кола по ред во Ла Лига не знае за победа.

Претходно, Столе Димитриевски веќе има запишано настапи во Ла Лига но во дресот на Гранада во сезоната 2014/2015.

Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...