Констанца „клаваше голови“ и се искачи на чело на табелата во Романија

Констанца се искачи на врвот на табелата во романското првенство откако тимот предводен од македонскиот стратег Звонко Шундовски попладнево убедливо славеше над Баја Маре со 39-33.

Тактиката „клајте голои“ на поранешниот македонски селектор вроди со плод и на денешниот натпревар, особено во второто полувреме во кое неговите избраници постигнаа дури 22 погодоци, до врвот полнејќи ја мрежата на гостинскиот тим.

Во тимот на Констанца настапија и двајцата македонски репрезентативци Никола Митревски и Велко Маркоски, а спортски директор на овој клуб е Бранислав Ангеловски. Главен ривал на Констанца во битката за титулата е ЧСМ Букурешт, во чии редови настапува уште еден Македонец, десното крило Гоце Георгиевски.

Се вчитува...