Антонио Конте не го криеше разочарувањето откако Тотенхем прокоцка предност од 3-1 и на крајот освои само еден бод на гостувањето против Саутемптон (3-3).
За италијанскиот стратег нема дилема, вината мора да се бара не кај него туку кај фудбалерите, кои покажале непрофесионализам ставајќи го индивидуалецот пред колективот.
„Ние не сме екипа, овде секој мисли само на себе, никој нема чувство на одговорност. Кога ќе се однесуваш така, логично е да немаш резултати, да загубиш од Шефилд јунајтед, да бидеш елиминиран од Милан, а сега и да прокоцкаш предност од 3-1 на помалку од 15 минути до крајот. Исфрустриран сум бидејќи не ни е прв пат. Водевме 3-1 и си помислив, тоа е тоа, сигурно победуваме. И наместо да покажеме тимски карактер и да го приведеме мечот до крај, повторно се случи секој да мисли за себе, а индивидуалните грешки му помогнаа на противникот да стигне до реми“, изјави Конте.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА