Конте го загуби Лукаку, ќе даде ли 100 милиони евра за Белоти?

Англискиот првак Челси ќе остане без планираното засилување во нападот, Ромелу Лукаку, кој е на чекор до потпис со Манчестер јунајтед. Жозе Мурињо, по се изгледа, ќе успее да го надмудри Антонио Конте за робусниот Белгиец, па раководството на Челси ќе мора брзо да реагира и да го активира „планот Б“. А тој е малку поскап и за него Конте ќе мора да погледне во својата родна Италија. Андреа Белоти, напаѓачот на Торино, сега е првата цел на лондонските „сини“, иако во опција се уште е и Алваро Мората.

Доколку го сака Белоти, Конте ќе треба да го наговори газдата Роман Абрамович ни помалку ни повеќе, туку 100 милиони евра. Торино уште пред стартот на овој летен преоден рок јасно стави до знаење дека нема да го продаде Белоти за помала сума.

Со Мората би поминале малку поевтино, но прашање е сега каков ќе биде изборот на Антонио Конте…Можеби и Диего Коста да остане уште една сезона?!

Се вчитува...