Конте нарача 7 засилувања за Интер

Интер отпадна од трката за шампионската титула во Серија А оваа сезона, но тренерот Антонио Конте не се откажува од идејата следната да го приграби „скудетото“. За тоа веќе е направен план за летниот преоден рок и нарача дури седум нови засилувања. Раководството на клубот ќе се обиде да му ги исполни желбите.

Оливие Жиру е веќе договорен за трансфер во Интер, а Конте би сакал да го доведе и Дрис Мертенс кому му истекува договорот со Наполи. Голема ќе биде битката со Јувентус за Федерико Киеза од Фиорентина и за Сандро Тонали од Бреша. Конте во средниот ред сака да го доведе и Корентино Толисо од Баерн Минхен, а желба за левата бековска позиција му е Емерсон Палмиери од Челси. Последното засилување треба да биде Артуро Видал од Барселона, но за него веќе постои интерес и од Њукасл.

Лаутаро Мартинез најверојатно ќе замине во Барселона, Интер нема да го откупи договорот на Алексис Санчез, а „нероаѕурите“ очекуваат пари и од продажбата на Икарди, Перишиќ, Жоао Марио, Лазаро и Наинголан.

Се вчитува...