Конте веќе се погласно се спомнува како нов тренер на „црвените ѓаволи“!?

Манчестер Јунајтед ја започна новата сезона лошо, па притисокот врз Мајкл Карик и тоа како е веќе на максимум, поради што, како што пренесуваат англиските медиуми, во клубот веќе сериозно се работи за неговиот наследник.

А, од потенцијалните имиња се издвојува Антонио Конте, тренер кој е без работа откако го напушти Наполи оваа година и кој веќе покажа во текот на својата кариера дека може да се справи со тимовите во криза.

„Црвените ѓаволи“ освоија само пет бода во првите пет кола од Премиерлигата, а последниот удар дојде со ремито против Фулам.

Според информациите од Островот, сепак, раководството на Јунајтед нема намера да реагира за време на тековната пауза за меѓународни натпревари. Но, тоа не значи дека позицијата на Карик е сигурна. Неговата клупа останува нестабилна, а следните резултати би можеле да го одредат понатамошниот тек на сезоната.

Доколку има промена на тренерот, Антонио Конте е прв на листата на кандидати.

Се вели дека Конте веќе одбил неколку можности претходните месеци, токму очекувајќи ја можноста за работа во Јунајтед.

Се вчитува...