КОНТРОЛНИ НАТПРЕВАРИ: Работнички го победи Вардар, Детонит подобар од Академија Пандев

Работнички го совлада Вардар со 2-1 во контролен натпревар кој денеска се одигра на терените на Работнички во градскиот парк. Гандо Бијала во втората минута го доведе Работнички во водство, а израмни Никола Величковски во 58.минута.

Победничкиот погодок за Работнички го постигна Марио Станковски со одличен шут од 15 метри во 74.минута од дуелот.

Контролен натпревар одиграа и Академија Пандев и Детонит Јуниор во кој гостите славеа со 2-3, додека Воска беше подобра од Струга ТЛ со 4-2.

Се вчитува...