Контроверзниот претседател на Сампдорија ја крена Италија на нозе – Лудост, демагогија, ако треба јас…

Претседателот на Сампдорија Масимо Ферара доброволно се пријави на него да биде тестирана вакцината за Ковид-19, но само ако раководството на Серија А му објасни како тоа може да се игра фудбал во овие услови.

„Ако сакаат подготвен сум да бидам заморче за новата вакцина, само да може да играме фудбал. Меѓутоа тие истите кои не тераат да се вратиме на терените само продаваат демагогија. Како би функционирало тоа? Фудбалерите ќе стојат оддалечени на четири метри едни од други, а тренерите од трибини ќе советуваат со мегафон. Лудост“, изјави Ферара. 

Италија е една од земјите која претрпе најголеми проблеми со коронавирусот. Досега во државата се заразени повеќе од 168.000 лица, а починаа преку 20.000.

Се вчитува...