Корона „ефект“: Светското атлетско првенство се одложува за 2023 година!

Светското атлетско првенство во сала, што требаше да се одржи во Нанџинг, Кина, од 13 до 15 март 2021 година, се одложува за 2023 година, вака објави Светската атлетска федерација (ИААФ).

„Со оглед на сегашната глобална ситуација и неизвесноста во врска со состојбата на пандемијата Ковид-19, донесена е одлука Светското првенство во сала, што требаше да се одржи во март 2021 година, да биде преместено во март 2023 година. „За безбедноста на нашите спортисти и техничкиот персонал, ние мора да ги земеме во предвид ризиците од доведување на голема група на луѓе да присуствуваат на настанот во ситуација на пандемија и целосно да ја почитуваат и спроведуваат политиката за спречување на пандемијата на земјата домаќин“, се вели во соопштението.

И покрај ова одложување, спортистите сепак ќе имаат големи шанси да се натпреваруваат на почетокот на 2021 година преку Светската турнеја во затворен простор, која вклучува 26 митинзи од 12 земји од Европа и Северна Америка.

Се вчитува...