Корона хаос во Србија – Тројца нови позитивни пред одлучувачкиот меч со Русија

По капитенот Александар Коларов и Лука Милојевиќ заразени се уште тројца фудбалери на репрезентацијата на Србија. Верона на социјалните мрежи потврди дека Данко Лазовиќ добил позитивен тест на Ковид-19 и дека поради тоа нема да игра против Русија, а потоа и Фудбалската репрезентација на Србија соопшти дека заразени се и Сергеј Милинковиќ Савиќ и Ѓорѓе Николиќ.

Покрај тројцата фудбалери позитивен на тестот е и физиотерапевтот на репрезентацијата. Србија ќе биде десеткувана за одлучувачкиот меч против Русија во Лигата на нации во кој се освен победа ќе значи испаѓање во Ц лигата од ова натпреварување.

Се вчитува...