Коронакриза и во Ф1: Шефовите со помали плати, вработените дома

Половина од вработените од Формула 1 се испратени на принуден одмор додека челниците на организацијата ќе земаат помали плати за 20 проценти. Ова е резултат на големата криза предивикана од пандемијата на коронавирусот на светско ниво. Оваа одлука доаѓа откако три тима ги направија истите потези во претходните денови.

Организацијата чие седиште е во Лондон ќе ги користи владините бенфиции за платите на вработените.Ф1 има големи финансиски загуби поради коронавирусот со оглед дека трите основни извори на финансирање, исплатите од организација на трките, ТВ правата и спонзорските договори се крајно загрозени.

Првите осум трки од Ф1 сезоната веќе се откажани или одложени. Во текот на овој месец веќе се најавени и други откажувања. Од Формула 1 се надеваат дека сезоната би можела да почне во текот на летото и да има 15 до 18 трки. Кина која беше прва на удар од коронавирусот веќе ја отвори патеката во Шангај и објави дека ќе биде подготвена за органзиација на натпреварувањето.

 

 

 

Се вчитува...