Коронавирусот ги брка спортистите од Кина – Преместени и кошаркарските олимписки квалификации

Квалификацискиот турнир за учество на Летните олимписки игри во Токио наместо во Кина ќе се одржи во Белград, потврди денеска ФИБА. Турнирот во женска конкуренција беше предвидено да се игра во градот Фошан, но брзиот прогрес и се повеќето заболени од вирусот ја принудија Светската кошаркарска федерација да бара алтернативно решение.

Белград бил избран поради тоа што за влез во Србија на репрезентативките од сите четири земји учеснички не им треба виза за влез во државата. На овој турнир за место во Токио во главниот српски град ќе се борат Велика Британија, Шпанија , Кина и Јужна Кореја. Белград секако е домаќин е квалификациски турнир на кој српската селекција е во група со Нигерија, САД и со Мозамбик. Терминот за турнирите е од 6. до 9. февруари.

Претходно и ФИФА донесе одлука за преместување на квалификациски турнир во женска конкуренција. Наместо во Вухан, градот кој е центар на вирусот, турнирот ќе биде одржан во Сиднеј.

Се вчитува...