Коронавирусот го одложи стартот на новиот шампионат на Словенија

Стартот на новото фудбалско првенство на Словенија е одложен за 22. август. Причина за тоа се три позитивни случаи на коронавирус во Олимпија Љубљана. Поради ова, Одборот за итност при Фудбалската федерација на Словенија донесе одлука да го одложи почетокот на сезоната.

Словенечката фудбалска федерација одлучи и сите натпревари на неодреден период да се играат без присуство на публика. По стартот на шампионатот, како и во многу друзи земји, поединечни случаи на заразени од коронавирусот нема да го спречат одигрувањето на натпреварите.

 

 

 

Се вчитува...