Коронавирусот не ја загрозува ГН на Виетнам

Извршниот директор на Формула 1, Рос Браун истакнува дека трката за големата награда на Виетнам ќе се одржи според планиранот, без разлика на епидемијата од коронавирусот. Во средата официјално беше соопштено дека е одложена трката за ГН на Кина, која требаше да се одржи на 19. април. Кога е во прашање Виетнам, се чини дека ГН ќе остане на распоредот и ќе се одржи на 5. април.

„Имаше случаи и во Виетнам, но ништо што би требало да не загрижи. Кажано ни е дека се ќе биде како што е планирано“, изјави Браун. 

Сепак, има информации дека дури 10.000 луѓе се сместени во карантин недалеку од градот Ханој кој ќе биде домаќин на трката.

Се вчитува...