Коронавирусот повторно прави проблеми – еден позитивен во Русија

Европското првенство кое беше одложено за една година поради пандемијата на коронавирус започнува денеска, но вирусот повторно прави проблеми, а овој пат во центарот е руската репрезентација.

Имено, како што стои во соопштението на репрезентацијата, Андреј Мостовој, играчот на Зенит е позитивен на вирусот и истиот ќе биде заменет со Ронан Евгениј.

„Поради неповолниот ПЦР тест на Андреј Мостовој техничкиот кадар донесе одлука да го повика одбранбениот играч Роман Јевгениј“– објави руската репрезентација.

Се вчитува...