Ќосевски е наследникот на Поповски во Вардар

Македонскиот репрезентативец Мартин Поповски во следната сезона нема да го носи дресот на Вардар откако десното крило не успеа да се договори со управата на „црвено-црните“ за продолжување на соработката. Поповски веќе преговара со неколку клубови за ангажман за новата сезона, а „вардарци“ во меѓувреме објавија дека младиот Ален Ќосевски (2001 година) ќе биде негов наследник во црвено-црниот дрес.

Ќосевски моментно е дел од кадетската репрезентација на Македонија, која ќе биде домаќин на СП во Скопје, а по завршувањето на кадетскиот Мундијал младиот ракометар ќе му се стави на располагање на тренерот Писонеро.

Од Вардар објавија дека во првиот тим се приклучува и 22-годишниот бек Дејан Кукуловски, кој веќе почна со подготовки со остатокот од екипата.

Се вчитува...