Кошаркар од клупата ја донесе титулата за Виланова во НЦАА шампионатот!… (ВИДЕО)

Екипата на Виланова, од предградието на Филаделфија, стигнаа до шампионската титула во НЦАА шампионатот во САД откако славеа во големото финале против Мичиген со 79-62. Ова е за нив трет наслов, а им го донесе кошаркар од клупата!

Ѕвезда на вечерта и најдобар играч на Ф4 беше Донте ДиВинченцо кој во игра влезе како шестти човек при водство на Мичиген од 14-21 и покрена луда серија од 22-7 со која Виланова веќе на полувремето стигна до +9. Постигна 18 поени во само десеттина минути игра со неверојатен шут од 70%.

До крајот на мечот ДиВинченцо постигна вкупно 31 поен, од кои пет тројки. Кај Мичиген најдобар беше Абдур-Рахман со 23 поени.

21-годишниот ДиВинченцо пред две години поради тешка повреда, скршеница на коска, го пропушти големото финале во кое Виланова исто така славеше. Овој пат беше незапирлив.

Се вчитува...