Кошаркарскиот свет во тага: Почина поранешната НБА ѕвезда Мајкл Ричардсон

Кошаркарскиот свет тагува по веста за смртта на Мајл Реј Ричардсон, кој почина на 70-годишна возраст по долго боледување од рак. Овој кошаркар остави длабока трага во американската и европската кошарка.

Ричардсон, поранешна ѕвезда на Њујорк Никс и Њу Џерси Нетс, мораше да ја прекине својата НБА кариера во 1986 година, кога тогашниот комесар на Лигата, Дејвид Штерн го суспендираше доживотно поради користење на дрога, што беше прв играч кој беше суспендиран од оваа причина.

НБА ја поништи својата одлука две години подоцна, но тој не продолжи во САД, туку во Европа, каде играше во Виртус Болоња, СПлит, Ливорно, Антиб, Шоле и Форли, пред да се повлече од активното играње во 2002 година и да почне тренерска кариера.

За време на неговите осум години во НБА, имаше 14,8 поени, 7 асистенции, 5,5 скока и 2,6 украдени топки во 556 натпревари.

Настапи четири пати на Ол-стар натпреварите.

Се вчитува...