Жиру, Кошчиелни и Кокелан го продолжија својот престој во Лондон за наредните три години. Француското трио денес потпиша нов договор со кој се обврзаа на доверба кон Арсенал до 2020 година.
„Среќни сме што три важни членови од нашиот тим ќе останат овде и тоа подолг период. Кокелан направи голем напредок во својата техинка, Жиру има огромно искуство додека Кошчиелни отсекогаш бил важен дел од нашиот тим особено од одбраната. Ова се одлични вести за сите нас“ – истакна Арсен Венгер при потпишувањето на новите договори.Останува неизвесна иднината на Месут Озил како и на Алексис Санчез чии договори истекуваат кон крајот на оваа сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА