Кошмар за Челси: Го украдоа „пред нос“ на Ливерпул, а тој цела сезона е повреден

Челниците и навивачите на Челси во текот на летото славеа откако „сините“ успеаја да го доведат Ромео Лавија од Саутемптон, младиот белгиски фудбалер за врска за кого Ливерпул два месеци преговараше со „светците“ за тој на крајот да го избере Челси за нова дестинација во кариерата.

Лавија требаше да донесе цврстина во средниот ред, но трансферот од соништата се претвори во кошмар откако младиот 20-годишен фудбалер цела сезона се мачи со повреди. Тој ги пропушти првите три месеци од оваа сезона во Премиер-лигата, се врати на терените и одигра само 32 минути, по што повторно се повреди.

Неговиот камбек се очекуваше на почетокот од април, но Челси денеска се јави со ново соопштение, дека Лавија нема да може да настапува за „сините“ најмалку до крајот на сезонава.

Ова е уште еден од низата кошмари за Маурицио Покетино, кој речиси цела сезона не може да смета ниту на Нкунку, кој беше доведен од Лајпциг како суперзасилување за нападот.

Се вчитува...