Кошмар за Денвер: Јокиќ остана без еден од клучните соиграчи до крајот на годинава

Денвер нагетс се соочува со нов огромен проблем откако Кристијан Браун заработи незгодна повреда на последниот дуел и го очекува подолга пауза од терените.

Браун е стартен бек во таборот на Денвер од стартот на сезонава, а деталните лекарски прегледи покажаа дека станува збор за проблем со скочниот зглоб и пауза од најмалку шест седмици. Првите прогнози се дека овој кошаркар ќе може својот камбек да го има на почетокот на 2026 година.

Тој пропушти само три од последните 174 средби во регуларниот дел од сезоната, а оваа пауза ќе му биде најдолга досега во кариерата.

Кристијан Браун беше стартер на сите 11 средби беше стартер и моментно е четврти стрелец и трет асистент во екипата, но важи и за еден од најдобрите дефанзивци во поранешниот НБА-шампион.

Се вчитува...