Јирген Клоп има сериозни причини за главоболка откако Мохамед Салах се повреди на вечерашниот натпревар од Купот на Африкански Нации меѓу Египет и Гана.
Најдобриот египетски фудбалер беше одлично чуван од противничките дефанзивци, но „фараоните“ останаа во шок откако Салах пред самиот финиш на првото полувреме седна на теренот жалејќи се на повреда на мускулот. Лекарите дојдоа да укажат помош, но нецели две минути подоцна беше јасно дека проблемот не е наивен и Салах мораше да биде заменет.
Тој секако ќе го пропуштеше саботниот дуел со Борнмут, но доколку паузата е подолга тоа ќе претставува огромен проблем за Јирген Клоп, ако се знае дека Ливерпул потоа го очекуваат тешки предизвици, најпрвин дуел на домашен терен со Челси на 31 јануари, а веднаш потоа и гостувањето против Арсенал закажано за 4 февруари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА