Карлос Тевез стана најплатен фудбалер во светот кога од Бока јуниорс потпиша за Шангај Шенхуа, но Аргентинецот имаше очајно деби за својот нов клуб. Шангај се посрамоти во квалификациите за Лигата на шампионите на Азија против Бризбејн. Кинескиот клуб важеше за апсолутен фаворит на домашен терен, но сосема неочекувано австралискиот клуб со два гола уште во првото полувреме го шокираше тимот на Тевез, кој според новинарските извештаи заедно со Обафеми Мартинс бил меѓу најслабите играчи на теренот.
Навивачите на Шангај Шенхуа се бесни на управата на клубот поради доведувањето на Густаво Појет за тренер, откако Уругваецот доби енормно поголема плата од локалните стручаци иако нема ни квалитет ни реноме на врвен светски тренер.
[youtube id=”Jo5gO17U258″ width=”640″ height=”380″]
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
