Костадин Ричлиев е неизвесен за натпреварот со Албанија

Колку и да е фраза, во фрекфентен ритам среда-сабота, едно од основните прашања во спортот се однесувана здравствениот билтен.

Македонските одбојкари го загубија првото либеро Костадин Ричлиев во почетниот сет од маратонскиот натпревар во саботата во Романија во групната фаза од Европската сребрена лига, а првичната дијагноза на повреденото рамо посочува дека селекторот Павличевиќ најверојатно треба да бара новорешение.

Ангел Бошков го презеде товарот на гостувањето во Галаци во саботата, но за постабилен прием и за подобра одбрана в поле, на дебитантот во црвено-жолтиот дрес ќе му биде потребна помош од некој од поискусните. Васе Михаилов се наметнува за логично решение иако се уште постои опција и Ричлиев да се најде во тимот за претстојниот двомеч со Албанија.

„По несреќниот пораз од Романија, мора да се вратиме напобеднички пат. Албанија ни е доста позната репрезентација, игравме двеконтролни средби со нив во Маврово, еднаш победивме, еднаш загубивме. Мислам дека треба да внимаваме на двајца играчи, на коректорот Ќафарена и на примачот Бакири кои ја прават разликата. Со добра подготовка ќе ги запреме и се надевам дека повторно ќе имаме убава атмосфера во екипата и дека ќе се радуваме натриумф“, вели техничарот на македонската селекција Ѓорѓи Ѓорѓиев.

Откако ја совладавме Боснаи Херцеговина во три сета, а освоивме бод со поразот 3-2 кај главниот фаворитРоманија, против Албанија в среда во Скопје очекуваме продолжување на успешнатасерија од четири победи во четири меѓусебни пресметки во Европската лига.

Потоаследува гостувањето во Тирана пред домашното соочување со Романија, се надевамерешавачко за првото место во групата во нашето седмо учество во континенталното натпреварување. Овој пат размислуваме само за раст на играчката форма со секој тренинг и меч, а не за конечната цел. Иако таа се подразбира со оглед на историјата на македонската одбојка во оваа конкуренција.

Се вчитува...