Костески: Клучно во победата над Швајцарија беше нашата смиреност

ЕКИПА во Берлин,

Стеван Цаневски

Крилото на репрезентацијата Ненад Костески ден по големиот успех вели дека ова е голема победа и дека клучна била смиреноста…

„Ова е голема победа за нас. Навистина сме среќни што одиме дома со бодови и со победа. Иако успеа Швајцарија да се врати на оваа средба, успеавме да го свртиме резултатот и да победиме. Мислам дека клучен дел од мечот беше нашата смиреност. Не брзавме, не губевме топки кои можеа да не чинат пораз, одигравме професионално, искусно, не брзавме, ја стопиравме играта и на крајот победата си дојде“, вели Костески. 

Се вчитува...